Тренерот на Баерн, Томас Тухел, би можел да го предводи Манчестер Јунајтед доколку го напушти бундеслигашот од Минхен.
Според „The Telegraph“, германскиот фудбалски стручњак се разгледува како една од опциите за замена на Ерик тен Хаг. Тој е во потесниот избор на раководството на премиерлигашот.
Се очекува на крајот на сезоната новите косопственици на Манчестер Јунајтед да донесат одлука околу иднината на актуелниот тренер на тимот.
Самиот Тухел е подготвен да се врати во Англија (работеше со Челзи), доколку добие отказ од Баерн.