Тренерот на Арсенал, Микел Артета нема намера да ја смени работата ова лето. Според „Sky Sports“, Артета нема вистински планови да го напушти лондонскиот клуб на крајот на сезоната.
Вчера беше објавено дека главниот тренер на Арсенал им кажал на своите најблиски соработници дека размислува да поднесе оставка од својата функција.
Во англиските медиуми се појавија шпекулации дека токму Артета е еден од главните кандидатите за тренерското место во Барселона.
Договорот на Артета со Арсенал е со важност до летото 2025 година.