Големо количество воена опрема, откри грчката полиција во дом во градот Лерин, а уапсени се две лица кои поседувале оружје, над 72 килограми барут, над 35.000 чаури, 11 рачни бомби, како и импровизиран експлозивен механизам, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека по извршениот претрес домот на уапсените, маж и жена на возраст од 54 и 57 години, биле откриени 14 воени пушки, шест револвери, пет пиштоли, три автомати и карабин, 95 шаржери, барут со тежина од 72 килограми и 200 грама, 11 рачни бомби, пет минофрлачки гранати, 35.455 куршуми од различен калибар, импровизиран експлозивен механизам, панцир, пиротехнички материјал, како и 14 делови од разни воени пушки.
Полицијата во рамките на прелиминарната истрага го испитува и точниот начин и време на набавка на оружјето, како и можното учество на уапсените во кривични дела.
Според грчката телевизија ЕРТ за случајот бил информиран и Секторот за борба со тероризам на грчката полиција