Најдобриот стрелец на Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд, по двомесечна пауза повторно ќе му биде на располагање на тренерот Пеп Гвардиола, кога неговата екипа утре ќе биде домаќин на Барнли во натпревар од 22. коло во Премиер лигата.
„Сите момци се подготвени, посилни сме. Тој е важен играч за нас“, потврди денеска Гвардиола на официјалната прес – конференција пред утрешниот дуел со Барнли.
Халанд отсуствуваше од теренот од 6 декември кога во поразот од Астон Вила (0-1) ја повреди коската на стапалото.
Враќањето на норвешкиот голгетер е добра вест за Гвардиола и доаѓа во време кога неговиот тим заостанува пет бодови, но и натпревар помалку од лидерот Ливерпул, во трката да ја обрани англиската титула