Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека политичарите не можат да преговараат за носењето на одлуки на независните институции.
Тој, на прес-конференцијата за уредбата на Централна банка на Косово (ЦБК), со која се забранува користење на динарот, посочи дека ЦБК е независна институција врз која не можат да влијаат политичарите.
ЦБК е независна институција на Косово, политичарите не можат да ги преклопуваат независните институции на државата, затоа што на тој начин го губиме карактерот на демократска република, посочи Курти.