Англиските премиерлигаши во јануарскиот преоден рок потрошиле 100 милиони фунти, што е за околу 88 отсто помалку во однос на истиот период лани, а најниско ниво од времето на пандемијата на коронавирусот кога во јануари 2021 година клубовите во нови играчи инвестираа 70 милиони фунти.

Ова се наведува во анализата која денеска ја објави британската ревизорска куќа „Дилојт“, наведувајќи дека причина за намалената потрошувачка е загриженоста на англиските клубови од можни санкции во случај на прекршување на финансискиот ферплеј.

Правилото на Премиер лига за профит и одржливост (ПСР) беше воведено во 2013 година со цел да се израмнат условите на пазарот и да се спречи клубовите со богати сопственици да трошат голема супа пари за нови играчи.

Претходно оваа сезона Евертон беше казнет со одземање десет бодови поради кршење на ПСР правилото, а актуелниот шампион Манчестер сити, исто така, е обвинет за бројни прекршувања на финансиските правила, откако клубот во 2008 година го купи групацијата „Сити Фудбал“ со седиште во Абу Даби.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2024 02:17