Тренерот на Барселона, Чави, зборуваше за втората последователна победа на неговиот тим во шпанското фудбалско првенство.
На 31 јануари каталонскиот клуб ја совлада Осасуна (1:0), а синоќа го совлада Алавес на гости во 23. коло од Ла Лига (3:1).
- Победата е секогаш позитивна работа. Да, по мојата одлука да си заминам, имаме две победи. Ова е реакцијата на тимот. Противникот денес имаше шанси, но ние изгледавме многу ефективно, нешто што ни недостигаше во текот на сезоната. Игравме многу добро и со и без топка. Добив впечаток дека денес игравме како зрела екипа. Имавме сигурна одбрана. Бев лут поради голот што го примивме на крајот. Бев лут затоа што вежбавме и разговаравме за такви моменти. Но, генерално играта е многу зрела и добра, изјави Чави, за „Marca“.
По овој натпревар Барселона е на третото место во поредокот на шпанскиот шампионат со 50 бодови. Во следното коло избраниците на Чави ќе и гостуваат на Гранада. Пред Барселона се Реал Мадрид со 57 бодови и натпревар помалку и Жирона со 56 бода