9i8io09i8uyНовиот тренер на Рома, Даниеле де Роси го критикуваше Леандро Паредес за добиениот жолт картон на натпреварот од 23. коло на Серија А против Каљари (4:0).

- Секогаш навивам кога соиграчите се штитат еден со друг. Но, кога резултатот е 4:0 треба да бидете малку попаметни. Ваквото однесување не треба да се толерира и мора да се внимава на непотребни предупредувања. Ова е вистинска глупост, изјави Де Роси за „Football-Italia“.

За Рома ова беше третата победа во третиот натпревар по доаѓањето на Де Роси на тренерското место.

„Римската волчица“ со 38 бода се искачи на петтото место во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2024 17:42