Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога.
Учителката била уапсена на своето работно место.
Директорката на училиштето истакна дека немала влијание врз апсењето.
Апсењето е извршено разумно и обѕирно, а наставникот не бил уапсен пред очите на учениците, се наведува во соопштението на словенечката полиција