Амбасадорот на Велика Британија во Босна и Херцеговина, Џулијан Рајли денеска и честиташе на Јасмина Селимовиќ за нејзината функција – гувернерка на Централната банка на БиХ.
Рајли на средбата со Селимовиќ истакна дека стабилна валута е гарант за макроекономската стабилност и економската безбедност на земјата.
Велика Британија силно ги поддржува независноста, интегритетот и веродостојноста на Централната банка на БиХ и нејзината цел да ја зачува стабилноста на конвертибилната марка, посочи Рајли.