Пауло Дибала беше клучен во победата на Рома над Каљари со 4-0 во последниот меч од Серија А. Играчот постигна два гола и се искачи меѓу најдобрите 5 аргентински стрелци во историјата на италијанската лига.

Оваа победа беше трета по ред за Рома под водство на новиот тренер Даниеле Де Роси, кој го спореди Дибала со легендата на Рома, Франческо Тоти.

-Ме прави среќен кога некој како него ќе го каже тоа, особено откако помина толку многу години со Франческо. Тоти очигледно беше уникатен за Рома и за цела Италија. Можам да бидам среќен само со неговите зборови. Де Роси донесе ентузијазам. Тој ги знае тие луѓе подобро од кој било друг. Имавме долга работна недела. Мислам дека тоа беше една од тајните, изјави Аргентинецот.

Во однос на отказот на Мурињо, напаѓачот изјави дека си кажале се што требало насамо.

-Срамота е да се изгуби тренер во текот на една сезона. Верувам дека сите се виновни, но во фудбалот тренерите ја плаќаат цената. Ние, играчите, мора да бараме и во себе да најдеме објаснување за тоа што се случи, додаде Дибала.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2024 04:22