Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп следната сезона нема да соработува со Барселона.

Според „Catalunya Radio“, германскиот стручњак ја отфрлил оваа можност бидејќи се уште сака да паузира од тренерската работа по заминувањето од англискиот клуб. Ниту повик од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ниту која било друга опција за продолжување на кариерата нема да го убеди.

Претходно се појави информација дека Клоп може да ја одложи најавената пауза во кариерата за да работи со каталонскиот тим.

На 26 јануари германскиот стручњак објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната 2023/24. Два дена подоцна, тренерот на Барселона, Чави, објави дека и тој ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната.

Педесет и шестгодишниот Клоп е на чело на „црвените“ од 2015 година. Под негово водство, Ливерпул освои седум трофеи, освојувајќи ја Премиер лигата, ФА Купот, Лига купот, Националниот Суперкуп, Лигата на Шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2024 21:19