Случајно или не албанската обединета опозиција, предводена од иницијативата „Обнова на ДП“-побројното крило на Демократската партија, попладнево одржува протест токму на денот кога пред 33 години беше урната бистата на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа.

Протестот е закажан за 17:30 часот пред Владата, на булеварот „Народни херои“, под мотото „Или денеска ли никогаш“ и е прв национален протест по неколку месеци. Засилени се безбедносните мерки во кои се вклучени над 1.100 полицајци.

Протестот ќе се одржи без физичко присуство на поранешниот премиер Сали Бериша, кој е во „куќен притвор“ под обвинение за „корупција“ во случајот со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизан“ во Тирана. Сепак најавено е тој да има виртуелно обраќање.

Инаку, на 20 февруари 1991 година, десетици илјади граѓани станаа да го урнат симболот на комунизмот, неколку месеци откако стариот режим, кој ги живееше последните денови, дозволи политички плурализам.

Уривањето на бистата на комунистичкиот диктатор, Енвер Хоџа, беше поттикнат од штрајкот со глад што го презедоа неколку стотици студенти за да го тргнат неговото име од универзитетот. Дваесетти февруари сега е одреден како ден на национално сеќавање на мачениците и жртвите од комунистичкиот режим. Всушност, тоа го означи и крајот на диктатурата во Албанија.

Сликите од тие настани, на плоштадот „Скендербег“ го обиколија светот и уште еднаш ја ставија Албанија во фокусот на меѓународните случувања.

Падот на бистата на диктаторот Енвер Хоџа, исто така, ја означи разделбата на албанското општество со минатото и почетокот на новата ера, онаа на демократијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2024 17:54