Тим лекари од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска пристигна во Хаг, каде утре треба да го прегледаат генералот Ратко Младиќ.

Лекарскиот тим од Република Српска треба да ја утврди здравствената состојба на генерал Младиќ и да предложи соодветна терапија.

Во тимот од Клиничкиот центар се уште и Милан Стојаковиќ, Никола Шобот и Синиша Миљковиќ.

За семејството на Младиќ, ова, како што велат, ќе биде многу значајно, меѓу другото, бидејќи лекарите ќе комуницираат со него на мајчин јазик, пренесуваат медиумите во Република Српска



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2024 22:19