Владата на Јужна Кореја денеска им нареди на илјадниците лекари кои штрајкуваат веднаш да се вратат на работа.

- Не постои оправдување за колективна акција со која се загрозуваат животите и безбедноста на луѓето, изјави јужнокорејскиот министер за внатрешни работи и безбедност Ли Санг-мин.

Тој додаде дека Владата на Јужна Кореја ќе се справи со штрајкот на лекарите во согласност со медицинскиот закон и другите прописи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2024 16:40