Претседателот на српското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и претставник на коалицијата „Србија против насилство“, Павле Грбовиќ изјави дека коалицијата нема да учествува на консултациите за новата влада.

Српскиот претседател Александар Вучиќ го најави почетокот на консултациите за в понеделник. Грбовиќ за Н-1 изјави дека консултациите се вообичаена процедура во парламентарните демократии, но дека не се одвиваат онака како што треба. „Во нив треба да учествуваат сите, но мислам дека во овој политички контекст и во овој момент нашето учество би било целосно беспредметно и нема да учествуваме“, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2024 17:07