Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека парите што државата ги вложува во развој на српскиот спорт се зголемени пет пати во споредба со инвестициите до 2012 година.
„Задоволен сум поради тоа. Вложуваме многу повеќе во ракометот, многу повеќе во одбојката, многу повеќе во ватерполо. Верувам дека повторно ќе дојдат големи генерации и затоа ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Вучиќ.
Осврнувајќи се на претстојните летни Олимписки игри, Вучиќ рече дека од српските спортисти очекува да освојат десет медали.
„Не заборавајте дека во Рио и во Токио имавме многу повеќе отколку во Лондон и Пекинг“, наведе Вучиќ.
Српските олимпијци ќе добијат награда од 200.000 евра за златен, 80.000 за сребрен и 60.000 евра за бронзен медал на Игрите 2024 во Париз.