Канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина (ОХР) денеска соопшти дека Босна и Херцеговина се обврзала да ги следи безбедносните и насоките за надворешна политика на ЕУ, како земја која сака да добие кандидатски статус за членство во Европската Унија.

„Ова ја исклучува соработката со земјите кои се под санкции, како и личните средби со шефовите на тие земји“, истакна ОХР, по повод денешната средба меѓу претседателот на Република Српска Милорад Додик и рускиот претседател Владимир Путин во Казан.

Додик информира дека за време на состанокот со Путин рекол дека РС отфрла секаква можност да се приклучи на западните санкции против Русија



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2024 04:19