Неколку дена пред годишнината од железничката несреќа во Грција, студенти од Атина, Солун и Лариса се цвеќиња во рацете денеска се собраа кај месноста Темпи, на местото на несреќата, за да им оддадат почит на жртвите, јави дописничката на МИА од Атина.

В среда, на 28 февруари се навршува една година од железничката несреќа во која 57 лица го загубија животот, а поголемиот број од нив беа студенти.

Организирани од нивните студентски здруженија, студентите од трите грчки градови, денеска порачаа дека „овој криминал нема да се заборави“.

Заедно со студентите беа и дел од роднините на жртвите.

Годишнината од железничката несреќа кај Темпи, во Грција, в среда ќе се одбележи со низа протести, но и генерален штрајк организиран од Синдикатот на вработените во јавниот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2024 07:11