Нашата поддршка за Украина е заштита на самите нас … Амбициите на руската агресија се директна закана и за националната безбедност на Бугарија, изјави премиерот на Бугарија, Николај Денков на заедничкиот брифинг со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
- Бугарија недвосмислено стои на страната на Украина во оваа неправедна и брутална воена агресија. На страната на човечкиот живот и достоинство, на слободата, демократијата и меѓународниот правен поредок. Повеќе од 700 дена сме сведоци на ужасите на војната што ја водеше режимот на Путин со недозволива цел да се покори или уништи независна и слободна земја во срцето на Европа. И повеќе од 700 дена сме сведоци на херојството на украинскиот народ, кој се бори и за својата слобода и за мир во Европа и дома, да го заштити просперитетот што го постигнавме, посочи Денков.
Тој истакна дека бугарската Влада и парламентарното мнозинство цврсто работат на обезбедување максимална политичка, воена, дипломатска, хуманитарна и материјална поддршка за Украина.