Албанскиот претседател Бајрам Бегај и го честиташе членството на Шведска во НАТО порачувајќи дека "Алијансата сега е посилна и пообединета".
„Добре дојде, Шведска, како 32-ра земја членка на НАТО. Нашиот сојуз сега е уште посилен и пообединет, зајакнувајќи ја безбедноста и вредноста“, пишува Бегај во објава на платформата „Х".
Приемот го честиташе и министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани, кој смета дека членството на Шведска ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на целата Алијанса.
„Албанија го поздравува приемот на Шведска во НАТО, по завршувањето на процесите на ратификација во сите сојузнички земји. Членството на Шведска ќе ја зајакне безбедноста на нашиот регион и на целата Алијанса“, напиша министерот Хасани на платформата "Х“.