Во Брисел денеска се одвива нова рунда од дијалогот Белград – Приштина, што почна со билатерална средба на директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак.
Главна тема на средбата е регулирањето на динарскиот платен промет во Косово.
Српската делегација е составена од претставници на Министерството за финансии и на Банка Поштенска штединица, како и на Канцеларијата за координативни работи.
По средбата со претставници на Белград, Лајчак ќе се сретне со косовската делегација.
Според порталот Н1, главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими не пристигнал во Брисел.
По средбите ќе биде одлучено дали ќе има заедничка средба помеѓу српската и косовската делегација и Лајчак