Црна Гора мора да ја искористи големата можност и поволниот момент за да го забрза својот европски пат, беше речено на денешната средба меѓу црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархеји, кој е во официјална посета на Црна Гора.

Милатовиќ рече дека полноправното членство во Европската унија (ЕУ) е приоритетна надворешнополитичка цел на Црна Гора, на која целосно и е посветен неговиот петгодишен мандат.

„Милатовиќ укажа на атмосферата на консензус и политички дијалог меѓу политичките актери во Црна Гора за сите важни прашања, што е најдобар показател дека обврските од европската агенда се во фокусот на политичките субјекти, бидејќи тоа е цел што треба да се исполнето поради огромниот број граѓани кои ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Милатовиќ и Вархеји ја истакнаа важноста од подобрување на соработката на Црна Гора со ЕУ, „констатирајќи ја огромната поддршка на европските партнери за нашиот европски пат“.

Како што се наведува, Милатовиќ го повторил очекувањето дека Црна Гора како лидер во преговарачкиот процес до 2028 година ќе стане полноправна членка на Европската унија



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2024 23:34