Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, поранешен заменик-претседател на Движењето Европа сега (ПЕС), денеска изјави дека не сака неговата оставка од членството во партијата да ја оптоварува црногорската јавност, ниту да им наштети на неговите поранешни сопартијци.
- Исто така, во врска со одредени работи што се случија, особено во изминатите неколку месеци, повеќе не сакам да го давам својот легитимитет на никого, особено ако се работи за одлуките што се донесени и начинот на работа што е спротивен на принципи на кои сега е засновано Движењето Европа сега, изјави Милатовиќ по конференцијата „Помеѓу реалноста и измамата: Дезинформациите како закана за демократските општества“, организирана од Центарот за демократска транзиција со поддршка на Амбасадата на САД во Подгорица.
Тој додаде дека без оглед на неговата партиска припадност, тој е целосно посветен на функцијата претседател на државата и таа така ќе остане.
- Доколку во иднина се одлучам за поинаква политичка акција, како и секогаш, ќе ја информирам јавноста транспарентно и навреме, посочи Милатовиќ.