Се зголемува бројот на албанските граѓани кои добиваат државјанство во земја на ЕУ. Само во 2022 година 50.000 добиле пасош на земја од Европската Унија и според овој показател, тие се на трето место во Европа, по Мароканците и Сиријците.

- Податоците на европската статистичка агенција, Евростат покажуваат зголемување на бројот на доделени државјанства по надолниот тренд во 2018 година. Земја која доделена најмногу државјанства на Албанците е Италија со 75,8 отсто, потоа Грција со 19,2 отсто и Шведска и Белгија со 1,2 отсто и 0,9 отсто, пренесуваат медиумите.

Додаваат дека во последните 20 години пасош на земја од Европската Унија добиле околу 604 илјади албански граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2024 06:19