Косовскиот портал на албански јазик „Коха“ (koha.net) објави денеска дека Русија издала налог за апсење на тројца припадници на косовската полиција, за кои побарала да влезат во системот за пребарување на меѓунaрoдната полициска организација ИНТЕРПОЛ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Повикувајќи се на сопствени неименувани извори, „Коха“ тврди дека Русија бара тројцата полицајци да се уапсат во врска со случајот од 2019 година во северно Косово, кога беше уапсен руски државјанин, за кој властите во Приштина објавија дека е шпиун на Москва инфилтриран во мисијата на ОБСЕ во земјата.
Порталот, кој е дел од медиумската групација „Коха“, напоменува дека Русија има рапишано потерници за повеќе од 100 илјади лица низ светот, додека списокот особено се зголемил по инвазијата врз Украина пред две години.
Меѓу бараните од страна на Москва е и една премиерка, Естонката Каја Калас, која неодамна се најде на листата на лица за кои се бара од ИНЕРПОЛ да се уапсат и да ѝ се предадат на Русија за да им се суди таму.