Високиот претставник Кристијан Шмит на Дипломатскиот форум во Анталија истакна дека од најголема важност е властите на БиХ да ги исполнат потребните услови за да ја искористат можноста и да започнат преговори за членство во Европска Унија.
Тој истакна дека овие преговори се од суштинско значење, не само за економскиот и социјалниот напредок на БиХ, туку и за зајакнување на стабилноста и просперитетот во земјата и регионот.
- Ангажманот со ЕУ претставува можност за трансформација на БиХ. Од најголема важност е земјата да го искористи овој момент за дополнително да се интегрира во европското семејство и да отвори простор за бројните предности што ги носи оваа интеграција, наведе Шмит.
Тој посочи и дека е неопходно итно да се реформира Изборниот закон во однос на интегритетот на изборите во БиХ, што е од клучно значење за почитување на демократските принципи, обезбедување транспарентност и зајакнување на довербата на граѓаните во изборниот процес.
- Изборите мора целосно и несомнено да ја одразуваат демократската волја на гласачите, наведе Шмит.