Денешната пленарна седница што требаше да се одржи доцна попладнево, само што почна заврши, поради нередот што го создадоа демократските пратеници-приврзаници на Сали Бериша.

Освен што правеа врева со викање, свирење и блокада на собраниската говорница, пратеникот Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи се чини се надмина себе си по насилничкото однесување.

Тој во еден момент се судри со обезбедувањето при што со тупаница удри еден од нив.

Туркајќи се стигна до државната министерка за односи со парламентот и пред неа стави плакат со напис“ Судовите се за правда, не за политички пријателства“.

Пратениците од групата на Љуљзим Баша ја напуштија салата а претседателката на парламентот веднаш ја прекина седницата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2024 05:32