Вмешаноста на малолетници и млади во кривични дела, во Албанија станува се позагрижувачка појава, констатира Гласот на Америја, редакција на албански јазик, пренесува Ора њуз.
-Речиси секоја година повеќе од 800 млади и малолетни лица вршат кривични дела како кражба, дистрибуција на дрога, возење без возачка дозвола, закани, повреди, па дури и убиство. Од нив 251 поради возраста се на условна казна, се посочува во анализата.
Според истиот извор, полициските соопштенија докажуваат секојдневни случаи на малолетници и млади луѓе кои се вмешани во контакт или конфликт со законот, туркајќи ги, најчесто, кон светот на криминалот.
-Кражбите, шверцот и дистрибуцијата на дрога, возењето без возачка дозвола, заканите, тепањето, па дури и употребата на оружје, се претежно кривичните дела кои ги носат малолетниците и младите пред вратите на полицијата и судот. Статистиката покажува вмешаност на повеќе од 800 лица, во кривични дела секоја година, се наведува понатаму.
Психологот Мањола Халими оценува дека, поради погрешна ориентација, повеќето од овие малолетни или млади луѓе доаѓаат во судир со законот.
- Потребата да се разберат и интегрираат возрасните групи и нивните потреби, особено во Албанија, е проблем што треба да се реши, смета таа. таа.
Според официјалните податоци, во најголем процент, малолетниците под 18 години успеваат да избегнат затворска казна преку примена од страна на обвинителството и судовите на алтернативни мерки, што им дава можност на сторителите на кривични дела да се реинтегрираат и рехабилитираат побрзо со животот во заедницата.
Одговорните велат дека во многу случаи тешката економска состојба е пречка за нивна реинтеграција.
Според обвинителството, проблематичен останува начинот на едукација и интеграција на малолетниците сторители на кривични дела.
Во Албанија, институцијата за малолетнички казни работи во Каваја, каде во моментов престојуваат мал број малолетници, инволвирани во кривични дела, односно само 29.