Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, го забележа својот 500-ти настап за клубот. Јубилејот го одбележа синоќа на натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (1:2).

Триесет и петгодишниот дефанзивец е втор во историјата на клубот според број на одиграни натпревари.

Прв на вечната листа е поранешниот фудбалер од средниот ред Мајкл Зорк со 572 одиграни натпревари.

Хумелс оваа сезона за Борусија Дортмунд одигра 32 натпревара и постигна три гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 15:41