Изборниот процес во општините Охрид и Дебрца до 15 часот се одвива непречено и без какви било пријавени нерегуларности.

Заклучно со 15 часот на гласање од вториот круг од Претседателските и Парламентарните избори во Охрид своето право го оствариле 38,41 односно 38,86 отсто од лицата со право на глас, информираат од ОИК.

Во Охрид се гласа на 87 избирачки места, а во Избирачкиот список запишани се 51.717 избирачи за претседателските, додека за парламентарните 51.865 лица.

Излезеноста во Дебрца до 15 часот за Претседателските избори е 36,80 додека за Парламентарните е 36,74 проценти, покажуваат податоците на ДИК.

Во Дебрца се гласа на 23 избирачки места, а во Избирачкиот список за претседателски избори запишани се 4001 лице, додека за парламентарните 4009 лица



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 16:39