Советот за безбедност на ОН денеска ги повика сите држави да ги „почитуваат и штитат“ хуманитарните работници, вклучително и локалните, бидејќи десетици од овие работници се убиени и повредени секоја година додека се обидуваат да им помогнат на цивилите во земјите во конфликт.

Во резолуцијата усвоена денеска со 14 гласа „за“ (со еден воздржан од Русија) по повеќемесечни разговори, Советот за безбедност на ОН „ги повика сите држави да го почитуваат и заштитат хуманитарниот персонал и персоналот на ОН, вклучително и персоналот регрутиран на национално и локално ниво, во во согласност со нивните обврски според меѓународното право“.

„Почнавме со многу едноставна, но загрижувачка опсервација. Тоа е дека зголемувањето на насилството и нападите врз хуманитарните работници и персоналот на ОН ги загрозува не само нивните животи, туку и нивната посветеност кон населението жртви на вооружени конфликти“, рече швајцарската амбасадорка при ОН, Паскал Барисвил, коавтор на текстот што таа им го посвети на хуманитарните работници кои секојдневно си ги ставаат животите во опасност.

Според неа, во текот на 2023 година, ширум светот биле убиени повеќе од 250 хуманитарни работници, а стотици биле повредени или лишени од слобода.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2024 04:10