Македонски тенисер Кристијан Јанев го загуби финалето на турнирот Поинтер Опен 2024 во Скопје за играчи до 16 години.

Јанев во финалниот меч загуби од Лаурентиу Алберт Кристијан Бадеа од Романија со 2-0 во сетови.

Противникот на Јанев во финалето го одигра најдобриот меч на турнирот и речиси играше без грешка што му донесе и убедлива победа од 6:1 и 6:0 во сетови.

Турнирот беше од категорија 3, а Романецот Бадеа беше рангиран како втор носител.

На патот до финалето Јанев, кој беше рангиран како трет носител во првото коло беше слободен, а во второто коло на убедлив начин го совлада Џугоманов (Македонија) со 2:0. Во следната рунда го победи Салидин Рама од Косово со 2:0, а во четвртфиналето беше поуспешен од Ерион Незири (Македонија) со 2:0. За пласман во финалето го победи Русинот Георги Красутин исто така без изгубен сет.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2024 20:43