За првпат од септември 2023 година, челната позиција на АТП листата не му припаѓа на Новак Ѓоковиќ, кој поради повреда на коленото мораше да се повлече од овогодинешниот Ролан Гарос.

Српскиот тенисер на овој турнир ја бранеше титулата освоена минатата година, а бидејќи не успеа да го зачува тронот, падна на третата позиција и моментално има 8.360 бодови.

Пред него се Италијанецот Јаник Синер со 9.525 бодови и второпласираниот Карлос Алкараз од Шпанија, кој триумфираше и на Отвореното првенство на Франција и сега има 8.580 бодови.

Четвртата позиција му припаѓа на финалистот на турнирот во Париз, Германецот Александар Зверев, а петти на најновата АТП листа е рускиот тенисер Даниил Медведев.

Веднаш зад него е неговиот сонародник Андреј Рублев, а потоа следат Норвежанецот Каспер Руд, Полјакот Хуберт Хуркач, Алекс де Минор од Австралија и Бугаринот Грегор Димитров.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2024 13:55