Дваесет и тригодишен кавадарчанец бил приведен во текот на вчерашниот ден поради тоа што нападнал полициски службеници, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Како што појаснуваат, во 16.30 часот во Криволак, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода, лицето со иницијали И.Б.. Кавадарчанецот, со привремено живеалиште во Криволак, физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Потоа, момчето се обидело со дрвен и остар предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2024 13:54