Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска понуди поддршка на комисијата за мировниот план за Појасот Газа, изнесен од американскиот претседател Џо Бајден.

-Трифазниот план на претседателот Бајден ја заслужува нашата целосна поддршка. Ни треба итен прекин на огнот, ослободување на заложниците, траен крај на оваа криза. Подготвени сме да ја одиграме нашата улога со брза и ефикасна акција за закрепнување и реконструкција што води до решение за две држави, рече Фон дер Лајен говорејќи на самитот на Г7 во Бари во Италија.

Планот што го изнесе Бајден на крајот на мај предвидува во првата фаза целосен прекин на огнот во траење од шест недели, при што група заложници ќе бидат ослободени во замена за ослободување на Палестинците кои се чуваат во израелските затвори.

Втората фаза предвидува траен крај на непријателствата и ослободување на преостанатите заложници.

Во третата фаза ќе започне реконструкцијата на Појасот Газа



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2024 20:07