Средношколци од различни етникуми од Охрид и Струга вечерва во Европската куќа во Струга преку музика ќе претстават различни стилски периоди, во рамките на проектот „Арт лаб“, што го спроведува здружението „Тактус“.

Според најавата на здружението, ќе бидат отпеани неколку популарни песни од македонската, албанската и турската музичка сцена.

- Проектот чиј прв дел е токму овој музички настан, има за цел да ја претстави универзалноста на музиката како медиум за поврзување на младите од различни етнички средини, соопшти „Тактус“.

Посочуваат дека ќе настапат средношколци од Охрид и од ДМУ „Тодор Скаловски - Тетоец“ од Струга од различни етникуми: Македонци, Албанци, Турци и Египјани.

Проектот „Арт лаб“ го реализира здружението за развој на културно-уметнички вредности ТАКТУС од Охрид, со поддршка на ОБСЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2024 13:29