Во координирана акција на рации во седум сојузни покраини, германската полиција заплени десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра и уапси седум лица.

Инспекторите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија.

Рациите се извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија, пренесува Bild.de.

Се уште не се познати повеќе детали, ниту пак кој е уапсен.

Државното правобранителство во Дизелдорф наведува само дека се работи за операција под кодно име Plexus и дека била спроведена од заеднички тим на царински и полициски инспектори за наркотици од Штутгарт, Карлсруе и Северна Рајна-Вестфалија



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2024 13:36