Германскиот канцелар Олаф Шолц се изјасни за вклучување на Русија во мировниот процес за Украина, јави ДПА.

-Точно е дека мирот во Украина не може да се постигне без вклучување на Русија, нагласи Шолц на мировната конференција во Швајцарија што се одржува денеска.

Во исто време тој ја повика Русија целосно да се повлече од делумно окупирана Украина.

-Русија би можела да ја заврши оваа војна денеска или во секое време, доколку ги запре нападите и ги повлече своите трупи од Украина, додаде Шолц.

Повеќе од две години по рускиот напад на Украина, самитот на Бургеншток, планински гребен над езерото Луцерн, има за цел да ги истражи начините за постигнување мир во Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2024 06:24