Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на Галичица. Од Центарот за управување со кризи вечерва информираат дека возилото е лоцирано на место викано „Превој“ на Галичица.

-Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“, велат од ЦУК потенцирајќи дека според екипите што се на терен на местото на настанот починатите лица се на постара возраст.

Екипа на СВР Охрид и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжуваат со извлекување на настраданите и на возилото од провалијата



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2024 05:10