Советот за безбедност на ОН вечерва ќе расправа за ситуацијата во Украина во врска со руската војна и резултатите од Самитот за мир што се одржа минатиот викенд во Швајцарија.

Состанокот ќе започне во 21 часот по средноевропско време, објавено е на веб-страницата на ОН.

Свикувањето на Советот за безбедност го иницираа САД и Словенија, кои се консултираа со украинската делегација.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2024 21:39