Американскиот поп-пејач Џастин Тимберлејк бил уапсен за возење во пијана состојба. Според фотографиите од мигот на апсењето во Сег Харбор во американската сојузна држава Њујорк, но и според полициските записи, пејачот со црвени очи и недефиниран и „стаклен“ поглед, едвај се држел на нозе.

Според наводите, Тимберлејк пиел со пријатели во бар пред да реши да седне зад воланот на своето „БМВ“. Кусо потоа бил застанат од полицијата, па одбил алкотест. Тој тврдел пред полицајците дека испил само едно мартини, но според извештајот, имал нејасен говор и многу слаба концентрација, пренесува „Дејли мејл“.

Пејачот имал и нестабилно одење бидејќи паднал на тестот за трезвеност на тло.

Сепак, на кусото сослушување по апсењето, Тимберлејк се изјаснил за невин. Сепак, тој излегол од Судот ослободен без кауција, но забрането му е да вози една година во Њујорк.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2024 16:32