Четириесет и петгодишна жена од Кавадарци пријавила во полиција дека на 6 јуни, нејзината 17-годишна ќерка се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај К.Ѓ.,19-годишно лице од Битола, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Според пријавеното, таа неколкупати стапила во контакт со неа, но, потоа престанала да одговара на телефонските повици и до пријавувањето, не се вратила дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2024 16:34