На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, соопшти МВР.

Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2024 21:37