Секоја закана кон земја членка на ЕУ претставува и закана кон Европската Унија, изјави денеска главниот портпарол на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано, во коментар на заканите упатени кон Кипар од страна на лидерот на Хезболах, поради наводна поддршка на Никозија за Израел.

- Кипар е земја членка на Европската Унија, што значи дека ЕУ е Кипар и Кипар е ЕУ. Тоа значи и дека секоја закана кон земја членка, е и закана кон Европската Унија. Во таа смисла ЕУ целосно го поддржува Кипар, истакна Стано.

Во врска со најновите тензии во јужен Либан, Стано истакна дека ЕУ внимателно ги следи случувањата меѓу Израел и Либан, што се причина за сериозна загриженост.

- Во повеќе прилики Европската Унија посочи дека е загрижена од можноста за зголемување на тензиите и судири. Исто, така, во повеќе прилики посочивме дека во согласност со Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, Европската Унија бара од сите страни да направат се што можат за деескалација или за запрат со преземање чекори што ќе водат кон ескалација, истакна Стано.

Според него, деескалацијата е многу важна за да се избегнат натамошни тензии во регионот и да се овозможат услови за мировни поговори.

Стано најави и дека најновиот развој на настаните на Бликсиот Исток ќе биде една од темите на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ предвидена за почетокот на следната недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2024 17:47