Првенците на генерациите во штипските основни и средни училишта денеска добија признанија од Општина Штип. Трајче Здравков шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Штип вели дека целта на свеченото доделување на признанијата е да ги мотивираат и стимулираат учениците, кои се најдобри во генерацијата. Посочи и дека сакаат да ги поттикнат сите ученици да го наградуваат своете знаење и во наредните години, да го подобрат својот успех и да ги исполнат своите цели во иднина.

-Денеска Општина Штип по завршувањето на учебната година во рамките на Програмата за образование додели признанија, плакети и ваучери на првенците на генерацијата од основните и средните училишта. Активноста е реализрана со цел да се уважат учениците кои постигнале огромен успех во своето образование во училиштата, но и да се стимулираат идните генерации и нивните сокласници во наредните години кои што доаѓаат да покажат подобри резултати, изјави Здравков.

Мелани Иванова првенец на генерацијата од 2020 до 2024 година во гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип вели дека признанието за неа значи мотивација да продолжи да го надоградува своето знаење и покажува резултати.

-Ученичка сум во СОУ „Славчо Стојменски“, признанието од Општина Штип за првенец на генерацијата 2020/2024 со сигурност ќе биде стимул и мотивација и понатаму да продолжам да го освојувам светот на литературата, филозофијата, правото и ќе ми помогне се надевам во постигнување на многу височини во моето понатамошно образование на Правен факултет во Скопје, вели Иванова.

Здравков при денешното доделување на признанијата на првенците на генерациите истакна дека во иднина ќе реалзираат вакви настани за учениците со цел нивната кариера да ја градат во државата, а не во странство



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2024 17:50