Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро одби трансфер во Баерн Минхен, објави денеска бразилскиот портал специјализиран за фудбал Тривела.

Според истиот извор, минхенскиот бундеслигаш неодамна водел преговори во обид да се засили со Касемиро, но 32-годишниот Бразилец го одбил трансферот.

Касемиро игра за Манчестер Јунајтед од летото 2022 година.

Минатата сезона забележа 32 настапи за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања, постигнувајќи пет голови и три асистенции.

Неговиот договор со Манчестер Јунајтед е до лето 2026 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2024 05:16