Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги известил израелските претставници за време на вчерашната средба дека е неопходно да се избегне понатамошна ескалација во Либан во услови на конфликт во Појасот Газа, соопшти Стејт департментот.

Блинкен се состана со израелскиот советник за национална безбедност Цачи Ханегби и Рон Дермер, израелски министер за стратешки прашања.

Американскиот државен секретар ја истакна важноста да се спречи понатамошна ескалација во Либан и да се постигне дипломатско решение што „ќе им овозможи на израелските и либанските семејства да се вратат во своите домови“.з



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2024 18:13