Планинарска спасителна служба вчера извлекла холандски турист со скршена нога од околината на село Елшани, а потоа бил предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

- Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот имала спасителна акција на територија на општина Охрид. Извршено е извлекување на повреден холандски турист од околината на село Елшани, кој имал скршеница на нога и е предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.

Од ЦУК посетуваат дека сите итни случаи може да се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2024 21:27