Британскиот тенисер Енди Мареј ќе го пропушти Вимблдон. Тој ќе закрепнува по операцијата на грбот.

- За жал, Енди Мареј се повлече од Вимблдон по операцијата. Одмори и закрепни Енди. Ќе ни недостасуваш, велат од АТП на социјалните мрежи.

Мареј е трикратен победник на Грен слем турнирите. Тој е единствениот двократен олимписки шампион во машка сингл во историјата.

Исто така, на Олимпијадата 2012 година, Мареј освои сребрен медал во мешани двојки во пар со Лора Робсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2024 19:28